Нигериската влада го потврди исчезнувањето на 110 ученички

По шест дена молк и збунетост, нигериската влада во неделата конечно го потврди исчезнувањето на 110 ученички во Дапчи, на североистокот од земјата, по нападот врз нивното училиште за кое е осомничена џихадистичката групација Боко Харам.

„Сојузната полиција може да го потврди дека не знае за судбината на 110 ученички на јавното училиште во Дапчи, во државата Јобе, откако напаѓачите, за кои се сомнева дека припадници на огранокот на групата око Харам, упаднаа во нивното училиште на 19-ти февруари“, се наведува во соопштението на нигериското министерство за информирање.

Лица за кои се сомнева дека се припадници на милитантната исламистичка група влегле преку ноќта на 19-ти февруари во Дапчи со поворка возила за да ги одведат ученичките, рекле очевидци, па стотици девојчиња се разбегале во паника.

Ова масовно грабнување потсетува на грабнувањето на 276 ученички во Чибок во април 2014 година по којашто Боко Харам, чиешто име значи „западното учење е грев“, беше предизвика силна реакција во светот.

Аналитичарите сметаат дека ослободувањето на стотината ученички од Чибок во замена за откупнина и ослободување на припадници на оваа група од затвор, ги поттикнало апетитите на Боко Харам.

Екстремната џихадистичка група Боко Харам со години ја тероризира североисточна Нигерија и нејзините погранични области, а само во текот н минатата година убила над пет илјади жители во оваа област во којашто живеат доминатно муслимани во по речиси половина поделеното 180-милионско вкупно нигериско население на муслимани и христијани. Досега во нејзиниот бунт од 2007 година се убиени повеќе од 20.000 луѓе а милиони се раселени. Но оваа група досега не презема одговорност за ниеден напад на мнозинскиот христијански југ на земјата.

И покрај повеќекратните изјави на претседателот Мухамаду Бухари дека бунтот е задушен и дека Боко Харам повеќе не контролира голем дел од нигериската територија, како што беше случајот во 2014 и 2015 година, безбедносната ситуација и натаму е многу лоша на целата територија околу Чадското езеро и во соседните држави.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.