Никаде не пишува дека може со уредба со законска сила да се утврди датум за избори

344

Изборниот законик одредува во членот 12 став 1 кој го пропишува датумот за одржување на изборите поединечен акт кој што се носи кај Претседателот на Собранието и тој го кажува во својот акт датумот за избори и датумот за распишување од кој започнуваат да течат сите рокови, а ние како Комисија изготвуваме роковник според кој се одвиваат дејствијата, посочи претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски во „10 Минути“ на ТВ21.

Додаде дека тие како централна изборна комисија не смеат да лицитираат со датум за избори, туку можат само да укажат на тоа кое го кажува Изборниот законик.

„Бевме прашани минатиот пат до каде стигнавме, ние кажавме дека не го заклучивме избирачкиот список и сега ако се водиме по она кое пред некоја година беше главен камен за сопнување кај сите политички партии како избирачкиот список, фантоми, па се правеше теренска проверка, се бараа фантоми кои не се најдоа, би било многу незрело да одиме сите како држава со неажуриран, непрочистен изборен список на избори кои треба да значат наш легитимен прозорец за отворање на преговорите со ЕУ“, порача Деркоски.

Исткнака и дека не може да се оди на избори без да се внесат новите податоци за нови полнолетни граѓани и да се избришат оние кои починале.

„Ние го ажурираме списокот меѓутоа има законска пропишана процедура дека треба да им овозможиме на сите граѓани на јавен увид да се проверат во списокот и да дадат свои забелешки, во спротивно ќе бидеме соочени кога многумина од граѓаните ќе поднесат тужби Управниот суд за неостварување на своето право на глас“, посочи Деркоски.

„Изборниот законик одредува во членот 12 став 1 кој го пропишува датумот за одржување на изборите поединечен акт кој што се носи кај Претседателот на Собранието и тој го кажува во својот акт датумот за избори и датумот за распишување од кој започнуваат да течат сите рокови, а ние како Комисија изготвуваме роковник според кој се одвиваат дејствијата“, посочи уште претседателот на Државната изборна комисија.

„Изборниот законик одредува во членот 12 став 1 кој го пропишува датумот за одржување на изборите поединечен акт кој што се носи кај Претседателот на Собранието и тој го кажува во својот акт датумот за избори и датумот за распишување од кој започнуваат да течат сите рокови, а ние како Комисија изготвуваме роковник според кој се одвиваат дејствијата“, посочи претседателот на Државната изборна комисија.

Деркоски заклучи и дека „би било многу незрело да одиме со непрочистен изборен список на избори кои значат легитимен прозорец“ за отворање на преговорите со Европската унија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.