Ники Лауда: Грешките на „Ферари“ не се смешни

И првиот човек на тимот на „Мерцедес“, легендарниот Ники Лауда изрази незадоволство од зачестените грешки на пилотите на „Ферари“, како таа вчера на Кими Раиконен во Силверстоун, кога го удри одзади болидот на Луис Хамилтон. Британецот, иако имаше пол позиција, беше претекнат од Себастијан фетел на стартот, но веднаш беше удрен од Финецот, па падна на 18 позиција. Сепак, актуелниот шампион успеа да се врати и да го освои второто место.

Лауда рече дека е задоволен од изданието на возачот на неговиот тим на британскиот ГП, но исто како и Хамилтон  истакна дека грешката што ја  направи Раиконен не била фер ниту забавна. Неодамна на трката за Големата награда на Франција дојде до контакт, кога Фетел го направи истото со Ботас.

Сега Луис се направи одлична работа, нема сомнение за тоа. Сè се одвиваше добро. Инцидентот не беше фер , затоа што во суштина „Ферари“ по втор пат не удира во првиот свиок. Тоа не е смешно. Но, тоа е она што е, изјави Лауда.

Фетел е во Франција за удирањето на Ботас доби пет секунди казна, а Раиконен за инцидентот со Хамилтон десет секунди.

Прво беше погрешно што Фетел го казнија со пет секунди. Сега Кими доби десет. Стјуардите сфатија што се случува. Тоа не требаше да се случи, но второто место на Хамилтон покажува како перформанси имал. Да не беше судирот тој ќе ја победеше  трката, заклучи  Лауда.