Никој не го посетува убиецот на Тијана

Досега никој не го има посетено Драган Ѓуриќ, убиецот на петнаесетгодишната Тијана. Тој повеќе од месец и половина е во Окружниот затвор во Суботица.

Додека бил на вештачење во Специјалната затворска болница во Белград, Ѓуриќ го посетила само неговата мајка. Октако се вратил во притвор никој не го посетил ниту побарал, освен неговиот адвокат.

– Ѓуриќ е сместен сам во ќелија и нема допир со останатите затвореници. За него има посебен режим на набљудување, тој не комуницира со никого и не ги среќава останатите затвореници, изјавил Рајко Маравиќ, секретар на Вишиот суд во Суботица.

Монструмот е деноноќно под будните очи на стражарите, затоа што сметаат дека е многу опасен.

Маравиќ ги демантирал и гласините дека Ѓуриќ бил нападнат во затворот од страна на други затвореници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.