Никој не му верува на Заев, тој прв треба да биде изметен со метлата

СДСМ има ангажирано на изборите странска куќа за односи со јавност и маркетинг и тие му имаат речено да најави промени. А ова поминува кога има личност која има кредибилитет, и таква личност може да најави промени, а не личност како Зорам Заев, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизија Алфа коментирајќи ги најавите на премиерот Заев дека ќе прави промени по слабиот резултат на првиот круг на претседателските избори.

Никој не му верува зошто прв треба да биде изметен со метлата. Овде лично премиерот е најкорумпиран, затоа оваа алатка која му кажала таа скапо платена маркетинг не поминува куќа, рече Николоски.

Коментирајќи за непотизмот во власта, Николоски посочи дека Заев мора да е информиран, зошто секое вработување поминување низ многу филтри.

Него сега му се случува да биде фатен од јавност како лаже и тој не знае како да излезе од целата работа, посочи Николоски.