Никој не сака да биде газда на ФК Вардар, ниту Самсоненко

Многу кратко, само неколку секунди траше јавното отварање на понудите за купување на акциите на фудбалскиот клуб Вардар.

Од Комисијата за јавни набавки при Град Скопје потврдија дека на нивната адреса не пристигнала ниту една официјална понуда за откуп на пакетот на акции на ФК Вардар АД.

„Има подигнато една документација, но нема ниту една понуда за откуп на акциите на ФК Вардар АД – Скопје. Констатираме дека јавниот повик е затворен и Град Скопје ќе ги преземе сите потребни активности за продажба на акционерското друштво”, изјавија од Комисијата.

Актуелниот шампион на Македонија и понатаму ќе остане во сопственост на Градот Скопје, а во вода паднаа и сите новинарски шпекулации дека сопственикот на РК Вардар и ЖРК Вардар, бизнисменот Сергеј Самсоненко ќе биде сопственик на најтрофејниот клуб во нашата земја.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.