Никој не знае што се крие во сефот на Аркан

Светлана Ражнатовиќ Цеца ни по 14 години од смртта на својот сопруг Аркан, не знае што се крие во неговиот сеф.

Како што пренесува српскиот Курир, адвокатот на Цеца изјавила дека ни денеска  не знае што се крие во сефот на нејзиот сакан од 1995 година.

„Навистина не знам што има внатре. Сефот е во надлежност на судот“, изјавил адвокатот за српски Курир.

Комерцијална банка на Србија, вчера во вишиот суд во Белград, кој води постапка против Светлана Ражнатовиќ поради наводен долг од 116.063 евра кон Воислав Ѓурковиќ, доставила извештај во кој се наведува дека двата спорни сефа се на име Жељко Ражнатовиќ Аркан не биле отворени после неговата смрт на 15 јануари 2000 година.