Никола Димитров на средба со претставници на новата германска влада во Берлин

Новата министерка за Европа, Ана Лирман, од новоформираната германска влада на Олаф Шолц својата прва средба ќе ја има со Никола Димитров, македонскиот вицепремиер за евроинтеграции.

Ана Лирман го наследи Михаел Рот на функцијата државен министер за Европа и првата средба што таа ќе ја има ќе биде со  Димитров.

Димитров од вчера престојува во официјална посета на Германија.

– Динамична агенда во Берлин, токму во деновите кога стапи на должност новата влада предводена од канцеларот Шолц, напиша Димитров на Фејсбук.

Според агендата, предвидени се средби со високи претставници во новоформираната германска влада, меѓу кои и со Лирман, која на првиот работен ден ќе се сретне со вицепремиерот Димитров.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.