Никола и Боркица Груевски – Heкои пoлитичapи сè yштe ни ce плaшaт oд ceнкaтa

99

Поранешниот премиер Никола Груевски и неговата сопруга Боркица за „Инфомакс“ ја коментираат последната аудиоснимка која протече во јавноста, а на која за време на ручек во струмички хотелски ресторан разговатаат Зоран Заев и Александар Верушевски.

Во телефонски разговор Груевски за порталот одговара дека никогаш во животот не се сретнал ниту запознал Александар Верушевски и неговиот татко Зоран. Дека не знае за она што се говори во снимката, а упатува на тоа дека Сашо Мијалков уште од 2011 година бил во комуникација со Александар Верушевски и додаде дека не знае дали тоа е точно, а истиот одговор го даде и на прашањето дали знае за наводната активност на Мијалков во ослободување од притвор на Зоран Верушевски.

Груевски за изјавата дека бил „мртов Германец”, шеговито прокоментирал дека според кажаното произлегува дека СДСМ во декември 2016 година ги загубиле изборите од партија предводена од „мртов Германец”.

За делот од разговорот каде Заев тврди дека имал снимки од кои се гледало за луѓе од неговиот тим, а делумно и за него дека биле хомосексуалци или бисекцуалци, дека се дрогирале и дека биле педофили, Груевски одговори дека не знае нешто такво за неговите тогашни соработници и не верува во тоа, а што се однесува за него лично кажа дека ништо од тоа не е вистина и дека такво нешто не постои, а доколку било кој тврди дека поседува таква снимка слободно може да ја објави веднаш.

Додаде и дека во минатото се обидувале да го дискредитираат на личен план со пуштање разни вакви и слични гласини меѓу народот вклучувајќи и тоа дека ја тепал неговата сопруга, а повремено и со обиди да му креираат афери со жени со кои го фотографирале на улица или на некој настан.

-Очигледно колку повеќе имате подршка од народот толку повеќе треба да очекувате удари под појасот кога сте во висока политика, кажал тој за „Инфомакс“, додавајќи дека иако подолго време е излезен од политиката и е речиси целосно политички не активен, некои политичари во Македонија сè уште се плашат од него и на дневна основа тие и ним блиските медиуми се занимаваат со смислување лаги и афери за него, тргнувајки од разни лажни и монтирани обвиненија на обвинителството во судот до ваков вид муабети на кои заедничка цел е негова дискредитација во очите на граѓаните.

Груевски додал и дека веќе му е здосадено постојано да демантира, дека секој ден некој го обвинува со некаква лага и дека веќе не ги ни демантира или мошне ретко го прави тоа, сметајки на тоа дека граѓаните низ неговата работа и делување имале доволно време да го запознаат и да изградат мислење за него и неговите активности и резултати во политиката и како премиер и претходно како министер и член на парламентот.

„Инфомакс“ доби одговор и неговата сопруга Боркица Груевска за тоа дали с точни и гласините од минатото дека нејзиниот сопруг ја тепал.

Целиот текст на „Инфомакс“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.