“Garde a vue” за Саркози!

Никола Саркози е првиот поранешен француски претседател кој бил задржан во притвор заради ислушување под сомнение за корупција. Педесет и деветгодишниот поранешен претседател пристигнал во канцелариите на судската полиција во Париското предградие Нантер, кусо по осум часот.

Тој бил означен како “garde a vue”, француски правен термин кој означува дека е осомничен во центарот на голема кривична истрага. Ова е поврзано со вмешаност и активни обиди да ги попречува оние кои вршат истраги за него за цел еден спектар од коруптивни истраги.

Адвокатот на Саркози, Тиери Херцог, и двајцата судии беа приведени во притвор за сослушувањето поврзано токму со овие афери. Саркози и неговиот адвокат се осомничени дека се обидуваат да ја извртат правдата преку нивните контакти во судството.

Саркози, наоводно, му понудил на еден од судиите, Гилберт Ациберт атрактивна работа, во замена за внатрешни информации за напредокот на таканаречената афера Бетенкур. Аферата Бетенкур беше случај во кој Саркози беше обвинет за прифаќање на милиони евра нелегална готовина од Лилиан Бетенкур, најбогатата жена во Франција и наследничка на „Лореал“, во пресрет на неговата изборна кампања во 2007 година.

Инспекторите исто така ја разгледуваат и таканаречената афера со Гадафи. Овде постои сомнение дека Саркози примил исто така милиони во нелегална готовина од поранешниот либиски лидер Гадафи. Канцелариите на Гилберт Ациберт и Тиери Херцог, адвокатите на Саркози беа претресени од полицијата на почетокот на март оваа година. Компјутерската опрема и телефоните во сопственост на Херцог беа запленети.

Сoмневајќи се дека неговиот телефон бил прислушкуван Саркози користел телефон регистриран на името „Пол Бизмут“ за конверзации со неговиот адвокат. Секогаш инсистирал дека е невин за било какво противзаконско постапување, и изјавува дека обвинувањата се политички мотивирани.

Саркози се обиде да најави дека ќе се обиде да биде реизбран во 2017 година, но моменталните случувања се катастрофални и тоа ги доведува во прашање неговите идни политички амбиции. Неговото задржување во притвор е историски прво во Франција. Жак Ширак, неговиот претходник, беше осуден за корупција во 2011 година. Ширак никогаш не беше задржан во притвор, а заврши со две годишна суспензија како казна за проневера на јавните фондови кога бил градоначалник на Париз.

Саркози сега се соочува со можноста да биде обвинет за корупција, што ќе го одведе на судење. Доколку биде пргласен за виновен за искористување на положбата може да се соочи со 10 години во затвор. Со статусот “garde a vue” тој може да биде задржан во притвор до 48 часа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.