Николас Кејџ со сопругата Рико Шибатаго добија првото дете

Холивудскиот актер Николас Кејџ (58) и неговата сопруга Рико Шибата (27) го добија своето прво дете.

Рико во средата, на 7 септември, во болница во Лос Анџелес роди девојче, на кое му го дадоа името Огуст Франческо Копола Кејџ.

Портпаролот на актерот ја потврди веста за магазинот „Пипл“ и рече дека „мајката и ќерката се добро“.

Ова е нејзино прво дете, а на актерот трето.

Актерот ги има синовите Кал-Ел (16) и Вестон (31) од претходните врски.

Николас веќе порано зборуваше какво име би сакал да му даде на бебето. Во интервјуто за „ЏејКју“ тој откри дека доколку има момче би го избрал името Акира Франческо, додека девојчето ќе го крсти Ленон Оги.

„Оги беше прекарот на татко ми. А, вујко ми Френсис Форд Копола реши да го смени името во Франческо“, рече тој тогаш.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Show News Today (@shownewstoday)

Инаку, Кејџ и Шибата се запознале во Јапонија во 2020 година преку заеднички пријатели додека актерот таму ги снимал „Затворениците од земјата на духовите“. Тие се венчаа во Лас Вегас на 16 февруари минатата година. Тоа е петти брак на холивудската ѕвезда.

Нивното прво појавување датира од почетокот на 2020 година кога беа фотографирани во Њу Орлеанс, среде посета на гробницата во облик на пирамида што ја купи во 2009 година.