Николче Божиноски го менува Петровиќ во клупата на ФМП Академија

Кошаркарскиот клуб Академија ФМП е пред влез во плеј-офот во македонската кошаркарска елита, а тимот ќе има нов тренер по разделбата со Александар Петровиќ.

Петровиќ си замина од клубот од Кисела Вода и стана тренер на МЗТ Скопје Аеродром. Од Академија ФМП го ослободија и му посакаа среќа, а за негов наследник го назначија Николче Божиноски кој досега ја имаше улогата на прв помошник.