Николиќ: Ако Косово формира армија, тоа треба да се направи и во северниот дел

Српскиот претседател Томислав Николиќ рекол дека е потребен нов анекс на Бриселскиот договор, поради намерата на Приштина за формирање на армија, пренесуваат локалните медиуми. Николиќ изјавил дека пред три месеци го поставил прашањето пред претставниците на Европската унија.

„Тие ми рекоа дека станува збор за косовски сили за безбедност. Јас ги прашав од кого ќе се бранат. Исто така реков дека ако се формираат такви сили, тоа треба да биде направено и во северно Косово“, изјавил Николиќ пред националната телевизија „РТС“.