Николиќ има имот вреден 1,3 милиони евра

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ за 22 ипол години занимавање со политика како пратеник со стаж од две децении и две години шеф на државата, заработил околу 290 илјади евра, но успеал и да стекне четирипати повеќе вреден имот во станови, куќи, викендици, ниви, пасишта, а имал време и да изгради црква во родното Бајчетин.

Иако Николиќ, како и останатите граѓани на Србија, од плата морал да ги плаќа сметките, да јаде, да ги образува синовите и да го издржува семејството, тој со некоја економска магија, очигледно само нему позната, успеал, покрај сите трошоци да стекне и имот вреден 1,3 милиони евра, објав ува спрски Курир, а пренесува НетПрес.

Нема што нема

Во ширењето на богатството не можел да има финансиска поддршка од сопругата Драгица, бидејќи е познато дека таа била домаќинка. Дури по стекнувањето на статусот „Прва дама“, таа добила право на месечни примања од 50.000 динари.

Николиќ е сопственик на куќа во Бајчетин, каде минатата година со сопствени средства започна да ја гради црквата „Свети Димитрија“, чие отсликување на фреските чини околу 350 илјади евра. Неговите синови Бранислав и Радомир изградиле две викенд-куќи на брегот на реката Сава во Нов Белград. Се воспоставило дека претседателските синови куќите ги изградил нелегално.

„Куќата на Николиќ може да биде луксузно опремена, но вредноста на локацијата се движи од 100 до 150 илјади евра. Домовите на синовите вредат околу 70 илјади евра“, проценуваат агентите за недвижности.

Според нив, како и тврдењата на познати архитекти, градењето на црква чини околу 150 илјади евра, што значи дека заедно со фреските, Николиќ одвоил пола милион евра. Покрај тоа тој е сопственик на 14 хектари нива, шума, винарија, кои вредат околу 140 илјади евра.

Сам свој мајстор

Од тоа што минатата година два хектари земја добил на подарок, а четири пазарел, податоците на официјалната страна на Агенцијата за борба против корупција. Покрај сите ѕидови и ширење на земјоделскиот апетит, Николиќ стигнал да купи и стан во Нов Белград од околу 390 илјади евра од 194 метри квадратни.

„Станот е во изградба и ќе биде делумно довршен бидејќи оставил некои работи да ги заврши сам. Сам ќе си ги поставам плочките, паркетот бидејќи можам да поминам многу поевтино. Станот го купив со парите од продажбата на стариот и со помош на кредит од Хипо банка од 200 илјади евра“, изјавил Николиќ во 2010 година.

Фамозен кредит за стан

На официјалната страна на банката пишува дека последната рата за кредитот мора да биде исплатена до 65-та година на корисникот на кредитот, а е малку веројатно дека тогаш 58 годишниот Николиќ добил кредит на 7 години. Како пратеник тој земал плата 115 илјади динари, а за станбениот кредит може да се издвојува најмногу 50 отсто од примањата што е 57.500 динари или тогашни 575 евра, а тоа е мала сума за кредитна рата од 200 илјади евра, дури и кредитот да е земен на 30 години.

Николиќ во јавност не сакал да ги открие условите за кредит, правдајќи се дека тоа е негова работа.

Кум на Шешељ- Петиција за разрешување на Николиќ

Војислав Шешељ најави вчера дека Српската радикална странка собира потписи за разрешување на Николиќ бидејќи го прекршил Уставот во три наврати од кои еден е нелегално стекнување на факултетска диплома. Другите два случаи се однесуваат на фондацијата на неговата сопруга Драгица.

Од синот „Ауди“ на подарок

Претседателот Николиќ, според имотниот лист на страната на Агенцијата за борба против корупцијата, е сопственик на два автомобили „Лада нива“ (1998) и „Ауди А3“ (2003) кои ги добил на подарок. Ни претседателот, ниту неговите соработници на почетокот не сакале да кажат од кого добил вреден автомобил, а на крај открија дека тоа е подарок од синот Радомир. Така да на претседателот освен ниви и пасишта му подаруваат и автомобили.

Имот

Стан- петособен 194 квадратни метри- 390.000 евра
Куќа во Бајчетин – 100 до 150.000 евра
Црква во Бајчетин – 500.000 евра
Две викендици на Сава 100-140.000 евра, ако бидат легализирани, поединечно од 50 до 70.000 евра.
Ниви, овоштарници, пасишта, шуми, винарија- 14, 09 хектари- околу 140.000 евра.
Вкупно: 1.230.000-1.320.000 евра

Заработка

1.511.513 динари годишна плата како пратеник
20 години бил пратеник
150.000 динари плата на претседател
37.500 евра заработил за 2 години
Во изминатите 30 месеци заработила 4.500.000 динари или 37.500 евра
Вкупно: 34.730.260 динари или 289.418 евра
Податоци од стајтот на Агенцијата за борба против корупцијата

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.