Николиќ: Србија е подготвена да стане членка на ЕУ

Претседателот на Србија, Томислав Николќ смета дека неговата земја е на добар пат, патот на реформите што ќе ја претвори во модерна држава, пренесува српскиот весник „Блиц“.

Според зборовите на Николиќ неговата земја е подготвена да стане членка на ЕУ, а можеби и повеќе подготвена од некои земји кои се членки на Унијата.

Србија се надева дека до 2014 година ќе стане дел од европскот семејство.