Николиќ удри по министрите на Вучиќ

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ, практично ги построи министрите во Владата на Александар Вучиќ, држејќи им лекции дека немаат право да се занимаваат со неговиот лик и дело бидејќи не се на негово ниво.

„Немате вие што да коментирате за мене, не сте на мое ниво“, им рекол шефот на државата на владината седница каде присуствувал на 12 декември минатата година, со што и сам признал во емисијата „Кирилица“ на телевизијата Хепи.

Николиќ му порачал премиерот дека не одбрал добар тим, бидејќи повеќето министри не прават ништо, освен што се саморекламираат. Министерката за енергетика, Зорана Михајловиќ, пак, порача дека би сакала барем еднаш претседателот Николиќ да ја покаже енергијата која ја има Владата.