Николоски: Автопатот Охрид-Кичево не се гради, неспособната влада на Заев мора да се казни

Овие слики се тажната потврда за она што требаше да биде автопат Охрид- Струга -Кичево, автопат кој започна да се гради во 2014 година и требаше да е готов до 2019 година.

Денес во 2021 за завршување на автопатот никој не зборува зашто на него НЕ СЕ РАБОТИ.
НЕСПОСОБНАТА власт на Заев и СДСМ по формирањето на Владата во 2017 година ја запреа изградбата и до денес или малку или ништо не градат. Во меѓувреме го уништија и не го санираат ни постојниот пат.

По овој ,,пат” денес се враќаат илјадници туристи кои ги посетија Охрид и Струга. Срам за неспособната власт на Заев.

Ова однесување ќе биде казнето на следните локални и парламентарни избори. Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го изгради автопатот Охрид-Струга-Кичево, ќе изгради нов автопат Кичево-Гостивар (за да се избегне Стража) и така Охридското езеро ќе го поврзе со Скопје и со Србија и Бугарија.