Николоски: Чесно е Вице Заев да биде присутен во судот, а не да бега

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски е непријатно изненаден што Вице Заев повторно не дојде во судот имајќи предвид дека тој го тужи него, а не обратно.

-Логично е да се појавува и да си ја застапува тужбата без разлика што има адвокат, чесно е доколку мисли дека аргументите се на негова страна да се појави и да биде присутен тука, а не да бега. Забележавме дека бега и беше тука кога мораше да се појави само еднаш. Второ, повторно беше забрането вие новинарите да снимате видео од судницата имајќи предвид дека е потребна согласност од двете страни, јас би сакал да ве информирам дека како и во претходните рочишта, така и на ова дадов согласност за снимање, но очигледно другата страна не дала, вели Николоски.

Тој додава дека Зоран Заев претседателот на Владата и брат на Вице Заев самиот кажал дека доколку тој се прашувал тужбата требало да биде повлечена.

-Сега имам една дилема дали браќава не комуницираат што е надвор од умот или повторно се дволични како и досега, рече Николоски.