Николоски: Договорот Заев – Рама за Македонија и Албанија да бидат во иста група ја влече државата назад во евроинтеграциите

Една од најголемите стратешки грешки во македонските интеграции во Европската унија е договорот меѓу премиерите Зоран Заев и Еди Рама, Македонија и Албанија да бидата во иста група за добивање датум за почетокот на преговорите со Брисел, затоа што безредијата кои се случуваат во соседната земја ја влечат наназад во евроинтеграцискиот процес и Република Македонија, заклучува поптретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, по средбите во понеделникот и вторникот со низа европратеници и политички лидери во Стразбур.

Николоски престојува во рамките на летната сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа (PACE), овојпат како почесен гостин, имајќи го предвид почесниот статус кој го ужива како резултат на претходното учество и успехот во работата на македонската делегација во собранието.

На оваа сесија во последната седмица од јуни, се избира идниот генерален секретар на оваа европка организација, и како што оценува Николоски, преставува вистинска привилегија да се учествува во овој избор. Информираше дека на седницата свое обраќање, меѓу другите, имале и француската министерка за европски прашања, Натрали Лоазо, и португалскиот претседател Антонио Кошта, при што станало збор за иднината не Европа и реформите кои се потребни.

„Истовремено, посетата на Стразбур, ја искористив и за бројни билатерални средби и разговори. Така, во текот на вчерашниот ден имав разговори со претседателот на Европската народна партија (EPP), Џозеф Дол, со кој разменив мислења за состојбите во Република Македонија, за сето она што се случува на политичката сцена, како и за работата на ВМРО-ДПМНЕ“, информираше Николсоки.

Додава дека имал средби и со повеќе од дваесет пратеници од разни европски земји, и со сите разговаравал за перспектива на на Македонија, но оти притоа биле констатирани недостатоците кои го кочат напредокот на земјата.

„За жал, заеднички е впечатокот дека Македонија втора година по ред не добива датум за почетокот на пристапните преговори со Европската унија, затоа што Владата на премиерот Зоран Заев не спроведува реформи. Не спроведува реформи во борбрата против корупцијата, не ја подобрува економијата и не воспоставува фунцкионален систем на владеење на правото. Односно, економијата тоне, корупцијата цути и нема воспоставен систем на владеење на правото“, вели Николоски во видео-изјавата

Уште повеќе, додава потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, најголем дел од соговорниците се изненадени од деспотскиот однос на Зоран Заев кој реши покрај премиер да биде и министер за финансии, пример невиден во која и да е европска демократија, пример кој според оцената на Николски, само покажува кон кој деспотизам и авторитаризам се движи Заев.

„И, конечно, неподелен е впечатокот кај сите оние со кои разогаварав, е дека најголемата стератешка грешка што владата на Заев ја направи е со договарањето со Еди Рама Македонија и Албанија да влезат во иста група (за добивање датум за почеток напреговорите). Затоа што Албанија ја влече Македонија назад, со сиот неред што се случува во Албанија и нефункционалноста на институциите таму, серионо ја влеќе Македонија наназад и ги уништува европските перпсективи на македонските граѓани“, истакнува Николоски.

Според него, групата со Албанија е најголемото зло и најголемиот проблем што може да ѝ се случи на македонската интерграција во ЕУ.

„И поради тоа, силно апелирав до сите оние со коишто се сретнав – да разговараат со своите министри за надворешни работи, да разговараат со премиерите на своите земји, и да побараат одвојување на Мекедонија и Албанија, со цел Македонија да може да чекори напред. Тоа е едниот пат којшто треба да го изоди земјата, а другиот секако се внатрешните реформи. За внатрешните реформиз, за жал, не гледаме капацитет во владата на Заев, и се надеваме на брза промена на власта и нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ којашто ќе може да ги спроведе овие реформи. Сепак, повторувам, клучно е раздвојувањето на Македонија и Албанија во интеграциајта кон ЕУ, затоа што групата направена меѓу Зоран Заев и Еди Рама ја влече Македонија назад. Коленичењето на Зоран Заев пред Еди Рама мора да престане, затоа што тоа ја влече македонската држава назад“, заклучи Николоски.