Николоски: Едниот министер нема НАТО сертификат поради корупција, а другиот поради соработка со странски служби

47

Скандал е министрите да не поседуваат НАТО сертификати, а нивното молчење тоа го потврди, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

– Има две работи кои што се факт, прво дека двајцата немаат безбедносен сертификат, за тоа што да имаа ќе презентираа пред јавноста дека имаат. И со самото тоа што двајцата потврдија дека немаат безбедносен сертификат, тие ги потврдија наводите на ВМРО-ДПМНЕ – рече Николоски.

Тој додаде дека во скоро време ќе ги потврдат и наводите коишто ги кажа пред некој ден, а тоа е дали едниот министер нема безбедносен НАТО сертификат поради корупција, а вториот нема безбедносен НАТО сертификат порад соработка со странски служби коишто не се дел од НАТО.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.