Николоски: Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ќе привлекуваат странски и домашни инвеститори

Штом тоа не го прави Владата на СДСМ и ДУИ, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ќе привлекуваат странски и домашни инвеститори, напиша на социјалните мрежи потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски и додаде дека, без разлика што се со лимитирани ингеренции, ќе направат се да отворат нови работни места.

„Фондацијата Конрад Аденауер викендов во Прилеп одржува обука за градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Благодарност до фондацијата која е исклучително голем пријател на ВМРО-ДПМНЕ и фондација која постојано дава силна поддршка во насока на развој на капацитетите на нашата партија“, изјави Николоски.