Николоски: Група со злоупотреба на полиција има и во Битола, ги предупредувам сите вмешани да се тргнат од тие групи

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во изјавата за медиумите во вторникот во Битола, во врска со злоупотребувањата на полициски службеници во изборите, истакна дека не само во Прилеп истото се случува и во Битола, но и ги предупреди сите кои се вмешани во истото да се тргнат на страна затоа што за тие активности ќе има одговорност.

Николоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ веќе неколку дена изнесува информации на прес конференции главно во врска со однесувањето на припадници на МВР на територија на град Прилеп, односно за работата на МВР во Прилеп, но и дека такви активности се случуваат и во Битола.

„Морам да кажам дека слични активности извршуваат и на територија на Битола, деновиве ќе излеземе со сознанија, и да ги предупредам полициските службеници дека за тоа се одговара, поради тоа што е тешко кривично дело, а изборните нерегуларности само се казнуваат од три години затвор па нагоре, ги повикувам оние кои по своја волја не биле да соработуваат со овие групи, да го кажат тоа во Обвинителството, пред органите и да посочат кој ги терал да се прави тоа, а сите останати да се тргнат затоа што одговорност ќе има“, посочи Николоски.

Убеден е дека Тони Коњановски ќе победи во Битола што и да прави партиската полиција на Зоран Заев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.