Николоски: Идеjaта со објавувањето афери за финансиски злоупотреби, е да и се презентира на јавноста за криминалното работење на градоначалниците на СДСМ и ДУИ

Идеата е да се презентираат документи за, според нас, криминалното работење на градоначалниците на СДСМ и на ДУИ во општините каде што имаа градоначалници до локалните избори од октомври минатата година и тоа да се документира и да се достави до соодветните институции и после тоа, се надевам да ги гонат. Денес стартувавме со општина Бутел, каде што јасно е дека има изигрување на целата процедура во изборот на компанија која што ќе го одржува јавното осветлување во општината. Можеби за некој тоа изгледа безначајно, можеби за некој тоа е небитно, но важно е заради тоа што се украдени многу пари на граѓаните преку целосна манипулација со законите, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во вечерашното негово гостување во телевизија Шења во однос на денештото почнување на партија со објавување афери за злоупотреба на финансиски средства од страна на поранешните градоначалници.

Николоски ја објасни шемата за злоупотреба на тендерска постапка за денешниот објавен случај за општина Бутел кога градоначалник беше Велимир Смилевски од СДСМ, при што од општинскиот буџет во нечиј џеб завршиле околу 200 илјади евра за одржување на улично осветлување.

„Ја дадовме ние таа презентација, еве колку граѓаните да имааат појасна слика. Компанијата победува со најниска цена, на начин што магично компаниајата знаела пред тендерот по кои од ставките кои што ги понудила општината, ќе ги зема после завршувањето на тендерот. Значи ако има во тендерот стотина ставки, од тие ставки тие точно занаеле на кои 30 ставки да стават екстремно високи цени а на останатите да стават буквално по еден денар, 1,68 денар и така натаму, со цел, кога ќе се собери вкупната сума да бидат најефтини, а кога ќе се види реалноста да бидат најскапи затоа што се купувани кабли и сијалици по пет до седум пати повисока цена од таа што е пазарна. Се работи за проневера, условно кажано директен ќар, на сума од некаде околу 12 милиони денари, односно околу 200 илјади евра. Сметаме дека оваа сума завршиле во нечиј џеб, или во џебот на компанијата или на некој друг“, рече Николоски.

Додава дека овој процес ќе го водиме до крај, затоа што сакаме да презентираме пред граѓаните вистината за финансиски злоупотреби на парите на граѓаните.

„Ние и во изминатите месеци излегувавме со сознанија за злоупотреби, но сега тоа го правиме на организиран начин. Во изминатиот период имавме и созананија за работењето на Град Скопје, каде што видовме од трошење на средства за баханалии, за скапо виски и за ручеци, и за вечери и за забави до несуштинско трошење на средства. А сега одиме на организиран начин на преставување на работите“, рече Николоски.

Тој посочи дека злоупотреби имало и во општина Тетово каде што актуелниот градоначалник покажа голема храброст за да ги презентира на јавноста, како милионскиот долг, така и вработувањата, а исто така и поништувањето на спорниот урбанистички план за ШИК-ЈЕЛАК.

„Гледамеи и во општините каде што, условно кажано, нашите пријатели од опозицијата имаат градоначалници. Пред се мислам на општина Тетово, од каде што во последно време излегуваат информации и го поддржувам градоначалникот Билал Касами кој направи два храбри потези. Прво јавно го вади долгот кој што е предизвикан од владеењето на Теута Арифи во тие осум години и како се цицани пари од општината преку хонорарци, вработувања и така натаму. И втор храбар чекот, поништувањето на Деталниот урбанистички план за ШИК-ЈЕЛАК кој беше навистина многу проблематичен“, истакна Николоски.