Николоски: Има два типа судски случаи, многу бавни и многу брзи, во првите има договор со Заев, во вторите нема

„Имав едно интервју минатата недела, би сакал главната поента да ја повторам. Има два типа на случаи што ги гледаме во судовите. Едни кои што одат многу споро и оние кои одат многу брзо. Во едните или судијата заборава да закаже рочиште по 90 дена, па почнуваат од почеток или вака се донесуваат ослободителни пресуди, а другите гледаме одат по 12 часа на ден, па преспиваат луѓето, па продолжуваат утре дента. Во првите има договор со Зоран Заев, во вторите нема договор со Зоран Заев“.

Вака одговори Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ одговори на новинарско прашање- како ја коментирате одлуката на Апелацискиот суд во врска со „Титаник 2“?

-Јас зборував уште минатата година дека постои криминална коалиција, таа криминална коалиција ја гледаме на дело. Интересно е што пред оваа судска одлука имаше изјави на еден од сега веќе ослободените во однос на тоа дека Албанците треба да гласаат директно за СДСМ, а исто така е интересно што еден од членовите на Судскиот совет е сопруга на висок функционер на СДСМ што само потврдува дека се работи за потврда на криминалната коалиција за која што ние зборуваме повеќе од година и пол која што за жал функционира во државата, ја разјадува државата, го разјадува судството и го разјадува владеењето на правото.