10 C
Skopje
понеделник, април 19, 2021

Николоски: Интензивно работиме на уривање на Владата 

70

Има одредена соработка и со Алијансата за Албанците и со Алтернатива во рамки на Собранието, како и во рамки на фондацијата „Конард Аденауер“ и возможно е до локалните избори да се успее да се урне актуелната власт, истакан во петокот потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, одговарајќи на новинарски прашање за стратегиите за локалните избори кои треба да се одржат есенва и дали партијата размислува за предизборни коалиции и соработки со албанските опозициски партии

„Апсолутно сѐ уште е рано да излеземе со  конкретни позиции по однос на локалните избори, но многу е можно обединување на опозициските партии коишто ќе настапат на локалните избори со цел оваа власт да падне уште на локалните избори. Заете дека имаме одредена соработка и со Алијансата за Албанците и со Алтернатива во рамки на Собранието, како и во рамки на фондацијата ‘Конард Аденауер’ којашто е блиска а на нашата сестринска партија CDU од Германија, таа соработка ја продолжуваме со следниот период. Мислам дека е возможно до локалните избори оваа коалиција да успее и да ја турне оваа власт, затоа што многу интензивно разговараме со пратеници од владејачкото мнозинство и коишто очекувам да ни се приклучат во следниот период и оваа коалиција опозициона да прерасне и зашто да не да стане владејачка коалиција до локалните избори“ рече Николоски.

Во однос на тоа дали е можно да има предизборна коалиција меѓу ВМРО- ДПМНЕ и Алијансата за Албанците и со Алтернатива, Николоски рече дека „сѐ е отворено“, а „приоритет број еден“ во моментот е да се турне Владата и за тоа имаат интензивна соработка.

„Сѐ е отворено значи ќе разговараме во наредниот период приоритет број еден во моментот е да ја турнеме владата и за тоа имаме интензивна соработка. Ние апсолутно бараме постојано парламентарни избори тоа го кажува и претседателот на партијата тоа го кажувам и јас така што нашата ракавица е фрлена за предвремени парламентарни избори“, истакна Николоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.