Николоски: JO да поведе постапка против Заев, тој е организатор во случајот „Рекет“

Денес Зоран  Заев најави вонредна прес конференција за попладнево на која што македонската јавност очекуваше дека ќе каже нешто вонредно битно и значајно, нешто поради кое што се свикува вонредна прес конференција. Но наместо тоа видовме една бледа, безначајна прес конференција и македонската јавност се прашува, а и ВМРО-ДПМНЕ која беше потребата од оваа драма и драмолетка која што се случи попладнево. Потребата од драмата, односно драмолетката која што се случи попладнево беше да се сокрие паниката која  што денес го фати Зоран Заев после она што го видовме во судот за случајот „Рекет“, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција.

– Зоран Заев се надеваше дека корона кризата ќе го спаси него и неговите најблиски од одговорност и од дознавање на јавноста што се случувало со „Рекет“. Но еве денеска вистината излезе на виделина. И затоа наместо да држи прес конференции без поента и без цел за економската состојба во Македонија за која што и самиот призна дека веќе не блеска, напротив туку дека е во тешка рецесија, најмногу заради недомаќинското работење негово и на тимот составен од Нина Групер, Мила Царовска и останатите кои што не знаат да водат економија. Зоран Заев треба да одговори на прашањата кои што ги заинтригира денеска македонската јавност.

Зоран Заев треба да одговори зошто според тврдењето на прво осомничениот Бојан Јовановски го предупредил дека бил под истрага и против него имало случај уште на 3-ти април, далеку пред да биде покренато обвинение против инволвираните во случајот „Рекет“? Бараме МВР и Јавното Обвинителство против Зоран Заев да отвори случај за сторено кривично дело прикривање и помагање во сторување на кривично дело – рече Николсоки.

Според него, ова значи дека паѓа и во вода тврдењето на Заев дека тој прв го пријавил случајот „Рекет“ уште на 22 април минатата година, ако на 3-ти Април ги предупредил осомничените тогаш е невозможно на 22 Април минатата година да го пријавил нешто всушност за што не достави писмена белешка како доказ во јавноста дека навистина го пријавил.

– Втората дилема е што барала главната обвинителка Русковска во друштво со првоосомничениот Бојан Јовановски, со кој што  нарачувале монтирани медиумски прилози за неистомислениците на Русковска во судството и обвинителство. Ова открива две работи, имало медиум којшто бил злоупотребуван од власта и постои целосна соработка помеѓу обвинителството, трас трас судството и Зоран Заев. Трето исто така многу важно Зоран Заев е должен да одговори каква е таа олеснета положба која им ја ветил на дел во осомничените во истрагите на СЈО? За какви повластувања говори Зоран Заев? Тоа е незаконско дејствие и бараме МВР и јавното обвинителство да отворат истрага против Зоран Заев. И четврто, во дел од сведочењето на прво обвинетиот Бојан Јовановски се дознава дека Зоран Заев ги наместил изборите во Охрид и дека имало изборни нерегуларности. Бојан Јовановски вели цитирам: „Заев со Кичеец зборуваа за местење на избори во Охрид, а Кичеец имаше своја паравојска“ – вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој изјави дека итно и неодложно бараат МВР и обвинителството да спроведе целосна и темелна истрага за спроведувањето на локалните избори во Охрид и да истражи евентуални нерегуларности како и изборни манипулации и местенки од Зоран Заев и неговиот омилен рекетар.

– Сето ова потврдува и дава објаснување за клучното сомневање- Зоран Заев е мозокот и октоподот на рекетот и тој е на врвот на пирамидата на рекетирање на многу бизнисмени, а се сомневаме дека вкупната сума надминува  20 милиони евра нешто за што ќе се видиме со Заев и на суд. Бараме од Обвинителството да ја прошири истрагата за „Рекет“  и да го осомничи  Зоран Заев како организатор на рекетот во Македонија – рече Николоски.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.