Николоски: Каде e тимот за привлекување на инвестиции, ги познава ли некој овие луѓе?

Овие луѓе се анонимни за јавноста и немаат дадено едно телевизиско интервју во живо или не биле на дебата да се објаснат што и како работат. Затоа и не треба да нè изненадува ладниот туш што Владата на СДСМ го доби од „Фолксваген“, вели тој.

55

Во изминатата деценија главен двигател на македонската економија беше привлекувањето странски инвеститори. Тие успеаја да ја раздвижат економијата, да ја намалат невработеноста која пред да дојдат беше на рекордно речиси 40-процентно ниво, успееја да донесат нова работна етика, како и сериозно да го подобрат извозот, трговскиот баланс и значајно да го зголемат бруто домашниот производ. Тоа беше осмислена стратегија на владата на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до 2016 година која успеа силно да ја промовира државата и да ја направи атрактивно место за инвестиции, пишува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во својата најнова колумна во Независен.

Вели дека по промената на власта и доаѓањето на СДСМ на чело на владата, добро е да се направи анализа каде сме сега, а како и за сè друго, зборовите на СДСМ се многу различни од делата.

-Така, иако долго го напаѓаа концептот на привлекување странски инвестиции, гледаме дека во пракса го продолжуваат. Тоа е добро. Но лошо е што немаат тим ниту концепт како да го прават тоа. Нема одговори на основни прашања од типот – која институција била задолжена за привлекување странски инвестиции, кога и како ја направила анализата на индустријата/компанијата, ја контактирала фирмата, ја посетила и извршила презентација за можностите на инвестирање во Македонија. Кога компанијата дошла на посета во Македонија, со кои други земји нè споредила во анализата и на крај врз кои параметри би нè избрале нас, пишува Николоски и додава:

„Без агресивна промоција на државата и присуство на релевантни настани и директни состаноци со фирми, овој „pipeline“ кој е креиран од претходно ќе секне, како што, за жал, се случува па речиси и да нема нова компанија која е заинтересирана да инвестира во Македонија. Каде се членовите на тимот за привлекување на инвестиции – „Invest Macedonia“, ТИРЗ, министри без ресор – со кого, каде и кога се среќаваат? Ги познава ли некој овие луѓе? Овие луѓе се анонимни за јавноста и немаат дадено едно телевизиско интервју во живо или не биле на дебата да се објаснат што и како работат. Затоа и не треба да нè изненадува ладниот туш што Владата на СДСМ го доби од „Фолксваген“.

Skin Delight