Николоски: Кога нема аргументи и е фатен во криминал, Заев прибегнува кон тужби

Кога актеуелната власт на СДСМ нема повеќе аргументи и е фатена во криминал, таа  продолжува со притисоци и закани, заплашување и прогон на политичките противници, обвини во четврткот на прес-конференција Александар Николоски, потпретседател на опозицската ВМРО-ДПМНЕ објавувајќи дека премиерот Зоран Заев против него поднел тужба за клевета поради тврдењето дека рекетите на бизнисмените во земјата се вршеле со знаење и координација од самиот врв на власта и порача дека тоа нема да го заплаши.

Николоки оцени дека секогаш кога ќе почувствува дека го губи кредибилитет, сака да го изгради со сила, и дека иако уште „само 16 дена е премиер и никогаш повеќе“, Зоран Заев се заканува со неговото судство, со тужби и притисоци кон опозицијата.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ ја информираше јавноста дека премиерот Зоран Заев поднел тужба за клевета против него за политичка изјава дадена во емисија на ТВ Алфа во којашто вели дека се изрекетирани над 20 милиони евра, како и дека тој е на врвот на пирамидата. Николоски цитираше дел од тужбата на Заев против него

„Некаде пред две недели споменав дека вкупната сума на побарани изрекетирани средства надминува 20 милиони евра. Досега никој ова не го демантираше што значи дека е рекетиран повеќе од еден бизнисмен, рекетирани се многу бизнисмени и побарани се многу пари. Тоа е операција која не можат да ја завршат еден или двајца луѓе. Тоа е операција која е добро осмислена од врвот на СДСМ, координирана  лично од Зоран Заев и понатака управувана од целата држава затоа што е потребна и кривична и политичка одговорност“, цитираше Николоски

Рече дека во овој случај голема иронија претставува тоа што барањето за тужба е испратено од адвокатот на Заев, Филип Медарски кој важи за скап бранител и, како што рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ – е познат по непотизмот во судството и во обвинителството.

„Целта на власта е сега  јас сега јавно да се извинам, да се уплашам и да се повлечам. Бара да му исплатам 60.000 денари оштета, како и да му го платам скапиот адвокат. Бара 60.000 денари оштета затоа  што брат му Вице е исто така во тужба за клевета, не успеа да добие од мене 30.000 денари оштета, па сега веројатно по принципот евро за евро бара 60.000 денари оштета за да можат со брат му да поделат по 30.000 денари. Зоран кој што го советуваше јавно Вице да не ме тужи за клевета, сега тој истиот тој Зоран ме тужи. Тоа е тој тажен премиер во заминување којшто едно кажува, а друго прави. На сето ова јас едноставно ќе кажам го погрешивте човекот, не ме познавате, не ви се плашам и ќе одиме до крај, ни вас, ни никому особено кога ја говорам вистината. Ниту планирам да се извинам, ниту планирам да се повлечам, ниту да ја свиткам кичмата затоа што тоа не е дел од мојот карактер. Особено не кога ја говорам вистината“, рече Николоски.

Порача притоа дека самиот ќе се брани „со вистината и ќе победи затоа што ќе победи вистината“.

„Јас уште еднаш јавно ќе го повторам и ќе го посочам она што го кажав, сумата на рекетирани средства надминува 20 милиони евра, рекетирани се повеќе од  еден бизнисмен и тоа е операција којашто е добро обмислена од врвот на  СДСМ и координирано лично од Зоран Заев за што треба да има политичка и кривична одговорност. Јас стојам позади ова. Дека сево  ова што е кажано пред четири месеци е вистинито и точно не мора да ми потврди Зоран Заев, тоа го потврдува времето. Да одиме по ред. Прво факт е дека сумата за рекетирани средства надминува 20 милиони евра и не е во прашање само еден бизнисмен. Ќе посочам дека главниот сведок во Рекет 1, во прашања во судот, под полна материјална и кривична одговорност  посочи дека и други лица биле рекетирани односно други бизнисмени. Тоа никој од посочените не го демантираше што значи не е само еден. Тоа што обвинителството молчи  и не ги повикува овие лица и не го проширува предметот  е друго прашање за кое што сум убеден Зоран Заев има подобри сознанија зошто е тоа така. Втора причина дека сум во право е да ја потсетам јавноста дека постои и случај Рекет 2 во кој што бизнисмен сведочи за изнуда која што е вмешан посредник присутен и во случајот Рекет 1, а се однесува на министерот за здравство и на директорот на фондот на здравство“, истакна Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ со ова тврди дека не е еден, туку повеќе се бизнисмени.

„Се случи и аферата ‘Вирус’, се случи и аферата во којашто бизнисмен обвинува дека тандемот Вице и Зоран Заев го притискале за да му земат земјиште. И се случуваат афери секој ден, што само потврдува дека се многу пари и дека се многу бизнисмени. Трето, никој во оваа држава не верува дека е можен милионски рекет без знаење на врвот на власта. Па дали верувате дека некои на Боки 13 денар би му дал, евро би му дал, доколку самиот врв на власта не стои на пирамидата. Всушност и самиот тој кажал дека бил предупреден од страна на врвот на власта дека случајот е пријавен во обвинителството што само говори за тесната врска меѓу нив. Четврто, она што Заев преку неговиот адвокат не го пишува во тужбата, е вториот дел од мојата изјава. Која што е оптужена, во која што велам дека кривична одговорност не може да остане само на овие тројца коишто сега се опфатени, туку треба да се прошири на многу повеќе“, додаде Николоски.

Посочи дека, исто така, дека станува збор за дел од неговата изјава, којшто застапникот на премиерот Заев не сака да го цитира затоа што не му оди во прилог.

„Четири месеци подоцна никој не е чепнат од врвот на СДСМ и дополнително половина раководство на партијата којашто се споменуваше гледаме дека останува нечепнато. Што само зборува за каква спрега помеѓу власта и обвинителството стои“, рече Николски.

Оцени дека во овој случај не станува збор за тужба со којашто се сака да се докаже вистината, туку е директна алатка за вршење прогон врз главната опозициска политичка партија и врвно и лично.

„Но и за нешто што народот го нарекува ишкање на мувата од капата. На Заев тие околу него му велат – „Уживај шефе, ќе го тужиме и преку нашите инсталации во судството ќе го добиеме. И на тој начин ти ќе докажеш дека немаш ништо со Рекет“. Тоа е целта на оваа тужба, но тоа е можно само во бајките, а не во реалниот живот. Затоа што во реалноста прават од грешка на грешка и одат од грешка во грешка. Па така ќе видите во документите кои што ви ги доставив самиот негов адвокат навел во тужбата дека се сомнева за одредени идни постапки по однос на премиерот Зоран Заев затоа што вели цитирам дека сум ја нарушил презумцијата на невиност на Зоран Заев. Па ако на ниеден начин не е вмешан и ако нема на ниеден начин истрага или одговорност за него, што ќе му е презумција на невиност. И последно, ќе потсетам дека оваа тужба доаѓа од премиер и политичка партија која нарачува тепање на граѓани, ослободува убијци на деца, врши брутален прогон врз опозицијата. И кога не го прави сето ова погодува напред пред судот за да докажува дека ете наводно не е крив он. Очигледно наместо флоксули за ЕУ на Заев повеќе му се допаѓа друштвото Свазиленд и Либија, каде ја сврстува Економист по невработеноста на младите. А, убеден сум дека состојбите во судството и слободата во делувањето нема да сме нешто подобри. На крај да повлечам уште еднаш тужбата на Зоран Заев не е за докажување на вистината туку за дефокусирање на вистинското прашање во овој случај, а тоа е каде завршија парите на „Рекет“. Ќе одиме на суд со задоволство секој со својата страна, кажав Заев со најскапиот адвокат, а јас сам и ќе ја докажуваме вистината“, порача Николоски.