Николоски: Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт ќе се изгради клучка за жителите од Сираково да имаат директен пристап на експресниот пат Градско – Прилеп

Знаете дека се гради експресен пат од Градско до Прилеп, тој експресен пат треба да значи побрз транзит за целиот пелагониски регион, жителите од населеното место Сирково побараа да имаат директен приклучок. Односно да се изгради клучка која што директно го поврзе селото со експресниот пат“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски при вчерашната посета на општина Росоман.

Николоски вети на граѓаните од Сирково дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт ќе се изгради клучка со цел да жителите имаат директен пристап на експресниот пат Градско – Прилеп.

„Се договоривме дека тоа што го бараат граѓаните од Сирково ќе се направи. И јас презедов обврска и како носител во четвртата изборна единица да после формирањето на Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ го реализираме ова прашање. Односно да се изгради клучка со цел да жителите од ова населено место имаат директен пристап на експресниот пат“, порача Николоски.

Николоски посочи дека не е оптимист дека експресниот пат брзо ќе се изгради имајќи в предвид темпото со кое што се работи. Така што ќе остане обврска и на ВМРО-ДПМНЕ да го изгради тој експресен пат од причина што сите инфраструктурни проекти во Македонија се запрени, автопатот од Охрид до Кичево не се гради, како што не се гради ниту експресниот пат од Прилеп до Градско. Единствено за што се заинтересирани од власта се штетните договори за коридорите 8 и 10Д.