Николоски: Македонија влегува во инфлација – поскапува храната, електричната енергија, нафтата

Александар Николоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека на економски план, Македонија влегува во рецесија. Тој спомена дека се очекува и натаму да расте инфлацијата, и уште повеќе да поскапуваат храната, електричната енергија и нафтата.

„Македонија влегува во инфлација. Ова се официјални податоци од Народната банка која ја проектираше инфлацијата за 1,5 %, а денеска има корегирана бројка од 2,2%, а реалната инфлација надминува 3%. Поскапува храната, електричната енергија и се очекува нафтата да поскапи. Најдобар доказ е дека граѓаните ќе споредат што можат да купат за 1000 денари од пред 5 години, и сега. Втората работа која ме загрижува во економијата порастот на задолженоста, надминува 7,5 милијарди“, вели Николоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.