12.8 C
Skopje
вторник, април 23, 2024

Николоски: Менуваат име за да крадат!

Фејсбук статус на Александар Николоски:

МЕНУВААТ ИМЕ ЗА ДА КРАДАТ!

Купување учебници со НЕПОСРЕДНА СПОГОДБА во вредност од ни помалку ни повеќе 5.3 милиони евра е мега скандал. Кршење на сите законски и етички норми невидено во историјата на Македонија до сега, без разлика кој бил на власт. Не ни може да се замисли колку некој може да биде „креативен“ за да краде. Замислете официјалното образложение е дека била итна набавка зашто почнувала школската година. Како да не се знае кога почнува школската година! Како да не се знае дека почнува од први Септември и дека не можело да се испланира па да има нормален тендер со повеќе учесници кои би се натпреварувале за најниска цена.
Плус “братска делба” помеѓу СДСМ и ДУИ…Заедно менуваат име и заедно крадат!