Николоски: Мила Царовска нема аргументи за таканаречената реформа

Rеформата во образованието има сериозен отпор во јавноста, за реформата нема аргументи и на министерката за образование и наука Мила Царовска ќе ѝ се случи револуција доколку се спротистави на образованието, истакна во саботата во текот на своето гостување на Македонско радио потпретседателотот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски

„Јас можам да се сетам на десеттина министри за образование од 90 тите години па наваму од Софија Тодорова па наваму кои што завршија неславно во оној момент кога тргнаа против учениците, против студентите, против професорите и наставниците. И не мислам дека тука Мила Царовска ќе е исклучок затоа што не е некој вонреден капацитет па да може да направи нешто што сите овие луѓе не направиле. Тоа е еден феномен на опивање на власта одредени луѓе доаѓаат на власт без доволно животно искуство а и без силен карактер ги опива моќта и мислат дека околу нив се врти светот и дека можат да направет што сакаат а Мила Царовска функционира на принцип ти мене војводо јас тебе сердаре односно си има таму десетина климоглавци кои што ги плаќа и кои што велат ова е најдобрата форма во европа можеби и во светот“ нагласи Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски кажа дека реформата има сериоозен отпор во јавноста и за таа реформа немаат аргументи.

„Таа реформа очигледно има сериоозен отпор во јавноста и за таа реформа немаат аргументи на пример пред неколку дена јас излегов во јавност со податок кој што до ден денес Мила Царовска го нема демантирано и не може да го демантира, затоа што го пишува тоа во стратегијата, имено нивната идеја е да во основното и средно образование, основното после петто одделение и средно целосно воопшто да нема учебници. Знам дека дел од јавноста можеби и нема да го разбере ова па ќе рече можеби електронски, можеби работни тетратки и така натаму но не идејата е да нема никакви учебници. Значи не е идејата да нема печатени учебници да има електронски учебници или да нема стандардизирани учебници да има работни тетратки, не, идејата е воопшто учебник како поим да не постои и да наставниците самите бираат што ќе им предаваат на децата што е една тотална катастрофа и што ќе извади лоши генерации затоа што нема да имаат доволно знаење во себе и нема да бидат компетитивни не на светскиот не на Европскиот на локалниот пазар, нема да бидат компетитивни затоа што нема да имаат знаење а нема да имаат знаење затоа што нема да им се предава во училиштата“ истакна Николоски.

Потпретседателот Николоски додаде и дека идејата на Царовска да нема печатени учебници ќе создаде лоши генерации кои нема да бидат компетитивни.

„ Е сега ако целта на Мила Царовска е да извади глупави генерации кои што ќе гласаат за Зоран Заев јас разбирам ама тоа нема да помине. Во јавноста најмногу се отиде кон прашањето за историја што е многу битно но за мене исто проблематично е, ако не и повеќе, е ова, затоа што не сум сигурен дека родителите кои што ова го слушаат сакаат нивните деца да одат на училиште а да не добиваат знаење“ заклучи Николоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.