Николоски: Наместо да ме тужи мене, Заев нека даде исказ за „Рекет“

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на денешната прес-конференција информираше дека добил тужба од премиерот Зоран Заев, поради негова изјава дадена во врска со случајот „Рекет“.

Тој не го криеше револтот од ваквата постапка на премиерот и најави дека за оваа ситуација ќе бидат информирани и сите дипломати во државава.

–Во која држава се видело премиер да тужи потпретседател на најголема опозиција за политичка изјава. Нема таква држава. И на Борис Џонсон не му паѓа на памет да ги тужи тие чии изјави не му се допаѓаат. Денес решава Заев да ме тужи за клевета. Моја работа е да поставувам прашања и да ја отвориме оваа дебата во јавноста и да извршиме притисок врз институциите. Би сакал да ве информирам дека за овој притисок што го врши власта врз опозицијата, да се заплаши слободното мислење на медиумите, во текот на утрешниот ден ќе бидат информирани сите дипломати на државата. Наместо мене да ме тужи на суд, мислам дека е добро да се пријави во обвинителство за да даде исказ за „Рекет, истакна Николоски.