11.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Николоски: Нема помирување ако бараат амнестија за Заев

Помирувањето го замислуваат на начин што сакаат да испреговараат со ВМРО-ДПМНЕ амнестија за Зоран Заев, неговото семејство и останатите во однос на гонење по криминалите што ги имаат правено во изминатиот период. Ако така го замислуваат помирувањето, помирување нема да има, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Многу интересно зошто сега СДСМ го иницира ова помирување, првпат зборуваат за помирување. Според нашите сознанија, првпат го кажувам ова во јавност, идејата за помирувањето дошла по завршувањето на претседателските избори, затоа што е извесно дека ќе ги изгубат следните парламентарни избори и помирувањето го замислуваат на начин што сакаат да испреговараат со ВМРО-ДПМНЕ амнестија за Зоран Заев, неговото семејство и останатите во однос на гонење по криминалите што ги имаат правено во изминатиот период. Ако така го замислуваат помирувањето, помирување нема да има, подвлекува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето ако за Европската комисија земјата е светол пример, за ВМРО-ДПМНЕ, каков пример е, Николоски потенцира дека во државата цвета корупцијата.

За ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е пример каков што е и за сите граѓани кои живеат во државата, а тоа е дека економијата не оди напред, а корупцијата цвета.

Европската комисија во извештаите во 2015 и во 2016 беше доста покритична и тогаш препорача условен датум, а реформите, еве на пример во правосудството, тогаш оцени дека состојбата е уназадена и има политичко мешање во судството, а во годинашниот извештај наведува дека судскиот систем е умерено подготвен и постигнат е добар напредок, вели Николоски во интервјуто за Слободна Европа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.