Николоски од Карпалак : Мора да го чуваме споменот и да ја чуваме унитарна и целовита Македонија

Тука сме денес на 18 години од оваа голема трагедија која што се случи тука на Карпалак. Да изразиме почит кон хероите, кон оние кои што ги положиле своите животи тука за да ја одбранат Република Македонија, да ја одбранат нејзината самостојност и територијална целовитост. Нив им должиме многу, практично им ја должиме оваа слобода која што ја имаме денес. И најмалку што можеме да направиме е да се поклонуваме и вечно да го имаме нивниот спомен, изјави дека Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Тој истакна дека за нивните семејства тоа е вечен непробол, за Македонија тие се херои.

-Такви беа, се и ќе продолжат да бидат. Како и сите останати кои што го положија животот во 2001 година, сите оние кои што беа повредени и сите кои што учествуваа во тој воен конфликт. Мора да го чуваме споменот и мора да ја чуваме унитарна и целовита Македонија, затоа што за тоа се бореа овие луѓе. За жал гледаме дека во изминатиов период Македонија е нападната, но со нивниот аманет мора да продолжиме да се бориме и да ја чуваме државата, истакна Николоски.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.