Николоски: Попис во ваква епидемиолошка ситуација би значело уште 2.500 починати од коронавирусот, тоа ќе биде на одговорност на Заев и Ахмети

Да беа набавени вакцините против коронавирусот немаше да имаме ваква епидемиолошка слика. Еве едноставно зошто треба да е одложен пописот. Согласно она што Заводот за статистика го кажува е ќе има 5.500 попишувачи, кога тие ќе се среќаваат со илјадници луѓе веројатноста да заболат е огромна, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостување во централниот Дневник на телевизија Сител.

Повикувајќи се на кажувања на Светсакта здрвствена организација, Николоски рече кога едно лице е заразено, додека тоа биде потврдено, заразува најмалку девет други лица.

„Што значи дека во процесот на попис, овие 5500 попишувачи ќе го пренесат вирусот на 49.500 лица. И во Македонија смртноста е меѓу највисоките или е 4,9 проценти, што значи дека попис во април ќе значи 2400 мртви од корона и ќе значи колапс на здравствениот систем затоа што педесттина илјади луѓе ќе заболат“, кажа Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски посочи дека доколку премиерот и лидер на СДС; Зоран Заев и неговиот коалициски партнер од ДУИ, Али Ахмети, сакаат да го реализираат политичкиот договорот што го имаат тогаш тоа ќе биде нивна одговорност.

„Ако имаат малку одговорност истиот треба да го одложат“, рече Николоски.