Николоски: Потребно е криминалот и корупцијата да се удрат во чело, тие се застапени во врвот на политичките партии СДСМ и ДУИ, а улиците на македонските градови се преплавени од кокаин

„Клучно е криминалот и корупцијата да се удрат во чело. Криминалот и корупцијата се на врвот по политичките партии СДСМ и ДУИ после тоа тие се разгрануваат надолу и го уништуваат општеството. Во моментов нема службеник во било која институција од најниско до највисоко ниво кој или не е демотивиран и не си ја врши работата или не е корумпиран, единствениот начин да се мотивираат е да се корумпираат, а тие кој се чесни се демотивираат бидејќи не сакаат да влегуваат во таква шема, а останатите се корумпираат. Затоа државата е во ваква ситуација каква што е. Нема сектор во кој нема корупција во моментов во Македонија и тоа е тажната вистина за состојбата во која е доведена државата“, изјави Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа.

Тој додаде дека секогаш проблемите се решаваат од врвот, никогаш не се решаваат од долу.

„Имате шалтерски службеник кој работи за 24 или 27 илјади денари плата едвај врзува крај со крај и слуша дека премиерот направил тоа што направи, претходниот направил што направил, ДУИ направил тоа што направил, Артан Груби направил тоа што направил и си вика ако овие можат за милиони тогаш јас можам за илјада денари за полесно да го врзам месецот и не ја врши работата ако не му се јави роднина, комшија и така се руши систем и така е срушен системов“, кажа Николоски.

Тој истакна дека секогаш кога се фатени со рацете во медот од ДУИ одговараат со албанофобија, а од СДСМ ама тогаш тоа и тоа. Тоа е индиректно признание, до сега не сме слушнале кредибилен демант за ниедно сознание кое е излезено за криминал и корупција.

„Улиците на македонските градови, особено скопските се преплавени од кокаин како никогаш претходно има кокаин по исклучително достапни цени за младите затоа што има премногу и се спуштени цените. Не се проблем дилерите што последни го продаваат на улица, проблем се тие што дозволуваат на граница тој кокаин нелегално да влезе и дистрибуира. Сега вие џабе ги бркате дилерите ако не удирате во главата, ако удрите во главата тогаш овие дилерите ќе нема што да работат“, потенцираше Николоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.