Николоски: Пратеници од коалицијата на СДСМ разговараат за ново парламентарно мнозинство

Александар Николоски, потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Стар тврди дека со пратеници од коалицијата на СДСМ разговараат за ново парламентарно мнозинство.

– Во овој момент, еве ексклузивно има пратеници од коалицијата на СДСМ, кои што не се од Беса или од ДУИ туку од останати пратеници во рамки на коалицијата на СДСМ коишто веќе разговараат за ново парламентарно мнозинство – истакна Николоски.

Тој смета дека актуелниот парламентарен состав на ВМРО-ДПМНЕ е најсилен и дека тоа се гледа во Собранието, со квалитетот на луѓето кои ги имаат.

– По мене ВМРО-ДПМНЕ во моментов со сета почит кон сите претходни парламентарни состави го има најсилниот парламентарен состав, а тоа се гледа во Собранието, со квалитетот на луѓето кои ги имаме. Секако секој е стручен во својата област. Ова се пратеници избрани од народот, пратеници кои што ги бираше членството на ВМРО-ДПМНЕ и сум апсолутно убеден дека ќе останат до крај лојални на ВМРО-ДПМНЕ, нагласи Николоски.