Николоски: СДСМ во Центар за осум години во услови на мораторуим имаат издадено 479 одобренија за градби на згради

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на митингот во Центар истакна дека СДСМ во Центар за 8 години во услови на мораторуим имаат издадено 479 одобренија за градби на згради и затоа с епотребни промени.

„Во услови на мораториум за 8 години имаат издадено ни повеќе ни помалку 479 одобренија за градба на згради 479 згради за 8 години во Центар внимавајте во услови на мораториум. Значи кога ќе нема сега мораториум поради тоа што независниот Уставен суд им го укина мораториумот веројатно една нула на овие 479 ќе станат. Затоа се потребни промени. Затоа треба да победиме. Сите заедно на 17 и на 31 за да почне да се менува и Центар и Скопје и Македонија. И верувајте победа во Центар и победа во Македонија ќе значи многу и затоа вашата одговорност за разлика од гласачите во другите општини е голема. Ако победиме во првиот круг во Скопје и во Центар или имаме едно убедливо водство кое што ќе значи сигурна победа во вториот круг, во вториот круг ќе победиме и во Битола ќе победиме и во Охрид ќе победиме и во Велес, ќе победиме и во Гевгелија ќе победиме и во Штип“ истакна Николоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.