Николоски се сретна со хрватската амбасадорка: Хрватска дава поддршка за позитивна афирмација на државата на евроинтегративниот пат

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Александар Николоски оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ.

-На средбата изразив задоволство од континуираните добри односи со Хрватска, која како земја членка на ЕУ и близок пријател на нашата земја, дава поддршка и придонесува за позитивна афирмација на државата на нејзиниот евроинтегративен пат. Пријателството помеѓу двете земји и соработката и во иднина ќе се продлабочува – информира Николоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.