Николоски: Секогаш кога им е тешко на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија „Конрад Аденауер“ ни помагаат

64
Секогаш кога на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија им е тешко тука се да помогнат Фондацијата Конрад Аденауер од Германија, напиша потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на својот Фејсбук профил.
„Продолжува традиционално добрата соработка со нашите партнери од германската Фондација Конрад Аденауер. Секогаш кога на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија им е тешко тука се да помогнат од Фондацијата Кондар Аденауер која е фондација на најголемата партија во Германија ЦДУ. КАС ќе помогне со обуки за пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, активистите на различни позиции во партијата, односот со медиумите, како и организационите елементи. Поразговаравме и за состојбата во Македонија со старо – новата крими коалиција на лагата. Перспективата на ВМРО-ДПМНЕ е во соработка со КАС, ЦДУ и останатите сестрински партии од ЕПП, перспективата на Македонија е горда и признаена членка на ЕУ со зачувано национално достоинство и гордост“, посочи Николоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.