Николоски: Советот на Општина Тетово донесе одлука за суспендирање на ДУП-от на Шик Јелак, храбра одлука на Касами и советниците на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и БЕСА

Суспендиран ДУП-от за ШИК Јелак на контроверзниот Дака Давидовиќ. Правдата победува ги остваруваме ветувањата! Денес Советот на општина Тетово донесе одлука со која почнува постапка за суспендирање на Деталниот Урбанистички план за просторот на ШИК Јелак во Tетово. Би сакал да честитам за оваа храбра одлука на Градоначалникот на Тетово Билал Касами како и мнозинството во Советот составено од политичките партии БЕСА, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците како и независните Подобро за Тетово кои ја донесоа оваа одлука, стои во Фејсбук статусот на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Напиша дека суспендирањето на овој ДУП зад кои стои контроверзниот Дака Давидовиќ, а кој беше поврзан со бројни манипулации направени од оваа Влада и чии директни актери се највисоките Владини функционери покажува дека промените носат правда.

„Jавноста се сеќава на разговорите кои се слушнаа пред изборите во 2020 година во кои се договараа пари, парцели и интереси на штета на Тетово и тетовчани. Исто така јавноста се сеќава дека во 2020 година по изгласувањето на Владата СДСМ/ДУИ ова беше прва одлука која се донесе. Јас тогаш во јавност изнесов бројни сознанија кои дојдоа до мене, се работи за сомнителен капитал зад кој стојат оф шор фирми поврзани со Дака Давидовиќ и врвот на власта во Mакедонија. Добивав дури и закани да се откажам од објавување на овој скандал, но за мене интересот на граѓаните и борбата со криминалот се пред се! По промените во Тетово и изборот на Билал Касами за Градоначалник како и ново мнозинство во Советот од кое дел е ВМРО-ДПМНЕ се покажа дека може да се работи подобро и поправедно! Суспензијата на планот покажува дека правдата доаѓа, сега на локално ниво, а по предвремените избори и на централно ниво“, додава Николоски во својата фејсбук објава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.