Николоски: Сугарески е вечен функционер во СДСМ тој нема што да им понуди на Прилеп и прилепчани

Денеска сме во Прилеп во рамки на кампањата за локалните избори, можам да кажам дека очекуваме да се случат промени во Прилеп. Имаме прекрасна советничка листа која што очекувам да освои мнозинство во Советот. Тука со нас е носителот на советничката листа, а исто така имаме и исклучителна личност за кандидат и иден градоначалник на општина Прилеп, кој што заедно со советничката листа и со мнозинството во Советот ќе ги направат промените во Прилеп. Навистина овие 4 години се 4 години на уназадување, 4 години во кои што не видовме реални проекти во Прилеп, 4 години на економско опустошување и на многу лични интереси, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

-Минатата година на парламентарните избори граѓаните на општина Прилеп дадоа јасна порака до власта, за тоа што власта изгуби во општина Прилеп. Но наместо власта да се менува, власта продолжи со истите кадри во општина Прилеп, продолжуваат со истите стари кадри.

Така на пример директор на Тутунскиот комбинат е истиот човек кој што јас минатата година од овој плоштад го критикував дека зема 150.000 денари, во услови кога тутунот се откупува по мизерна цена. Денеска ќе имаме и средба со тутунарите.

Директор на железници е истиот човек кој што беше и минатата година, кој што претходно беше пратеник Хари Локвенец.

А, за кандидат за градоначалник е вечниот функционер од СДСМ, кој што е вечно на функција, Горан Сугарески.

Тоа се едни истрошени ликови, тоа се ликови кои што немаат што да понудат нити на Прилеп, нити на прилепчани. Затоа сум убеден дека со тимот на советничката листа и со кандидатот за градоначалник ќе имаме убедлива победа после која што ќе може да се реализираат бројни проекти, дел од нив беа претходно наведени. Она што можам да кажам дека ќе имаме силен фокус на Прилеп за тоа што после локалните избори очекуваме промена и на Владата со ново парламентарно мнозинство пред се тука е огромниот капитален проект за автопатско поврзување на Прилеп. Знаете дека Прилеп – Градско беше долго време стопирано од причини кои што се уште се необјасливи за сите нас и не добивме релевантен одговор зошто прекина да се гради експресниот пат. Приоритет за нас е автопатско поврзување на Прилеп како со Градско и Велес односно главната магистрала на Коридорот 10 исто така и со Битола и на тој начин со грчка граница, и со Охрид и со Коридорот 8. Така што Прилеп да стане она што реално е центар на Македонија, да се развива стопански пред се, а и во сите останати дејности, подвлекува Николоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.