Николоски: Тројца новинари кои објавуваат за криминалите на власта се под судски прогон

48

Тројца новинари се под судски прогон и притисок од власта затоа што објавуваат материјали од јавен интерес кои ги добиле од свиркачи, вели Александар Николоски.

„Новинарите кои објавуваат материјали за криминалите на власта се под притисок и сметам дека најмалку што може да направиме како пратеници е да дадеме поддршка на новинарите кои што во моментов се или под судски прогон, или веќе имаат донесени судски пресуди за изнесување во јавност информации кои што до нив стигнале од укажувачи“, вели Николоски.

Според Николоски, иако судот проценил дека материјалите се таканаречена државна тајна, новинарите одлучиле дека јавниот интерес е пред државната тајна и заради тоа решиле да ги публикуваат.

„Ова е лоша пракса, ниту една власт не издржала на сила“, додаде тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.