Николоски: Вице ме тужи затоа што сум кажал дека братот на премиерот станува главен бизнис фактор во државата

Судскиот спор е за сосема различна работа. И јас мислев дека ќе добијам тужба за таа работа, но не добив, што очигледно потврдува дека одлуките на ЦК биле точни. – изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во интервју за порталот Лидер на прашањето како ја коментира изјавата дадена за наводната поврзаност на Вице Заев со поранешниот директор на ДБК, Сашо Мијалков .

Сепак, Вице Заев поднесе тужба до Николоски за изјавата дека тој станува главен бизнис фактор во државата.

Со Вице сме на суд за возможна клевета, којашто тој вели дека постоела. Ме тужи затоа што сум кажал дека ‘братот на премиерот, а тој се препознава во тоа, станува главен бизнис фактор во државава’.  кажа Николоски и додаде дека тоа е факт.

Доколу пресудата е да му се плати на Вице Заев, Николоски вели дека ако му дошло него до 500 евра, со здравје да си ги троши.

Потпретседателот, сепак, очекува судот да донесе правична одлука, односно да ја заштити слободата на говор, како врвно демократско право.

Инаку за потсетување Вице Заев го тужи Николовски за телефонско јавување во телевизијата 1тв, каде Николоски рекол дека Вице и неговото семејство ги добиваат сите главни бизниси во државата.

Ваквата изјава според тужбата, кај Вице Заев резултирала со чувство на вознемиреност, напнатост и намалено расположение, пропратено со вегетативна симптоматологија, потење и црвенило на лице кое што предизвикало силна душевна болка кај него.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.