Николоски: Викендов се потврди коалицијата Заеви со Мијалков

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска изјави дека за бегството на Мијалков виновна е власта, со што се потврди коалицијата на Заеви со Мијалков.

– Наградата стигна овој викенд, на тој начин што на Мијалков му се овозможи да избега од правдата. Во овој момент имаме бегалец од правдата. Спасовски молчи, Шекеринска ја нема никаде, а Заев ја префрла вината – рече Николоски.

Тој вели дека сега на сите им стана јасно зошто Мијалков уште во 2018 година беше исклучен од ВМРО-ДПМНЕ.

– Коалицијата Вице Заев, Зоран Заев и Сашо Мијалков функционира од октомври 2018 година. Кога го исклучивме Мијалков од ВМРО-ДПМНЕ, јавно кажавме дека има тајна коалиција, која не само овие три години, туку 15 години наназад работи на уништување на Македонија – рече Николоски.

Тој побара одговорност од власта, и исто така побара за 24 часа власта да го обезбеди Мијалков.

– Сето тоа што го зборувавме изминатите години, а и тоа што го зборуваме денес се потврдува, а тоа е дека со Македонија владее криминална коалиција, која ги урива основните вредности, која го урива системот на владеење на правото, го уништува нормалното живеење во Македонија, што влијае врз бизнисите и истите ги рекетира или ги презема. Со Македонија владее крими – коалиција. И за тоа очекуваме во следните 24 часа да го обезбедат бегалецот од правдата. Со Македонија владее крими коалиција. Оваа влада треба уште денеска да замине – вели Николоски.