Николоски: Владата на Ковачевски ќе биде континуитет на поразени политичари, влада во која ќе доминираат Заев, Спасовски и ДУИ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски оцени дека составот на Владата предложен од мандатарот Димитар Ковачевски ќе е влада на континуитет на поразени политичари, влада со која ќе доминираат Зоран Заев, Оливер Спасовски и ДУИ.

Според Николоски оваа Влада има три карактеристики.

„Гледаме три карактеристики во предлогот на Влада. Правата карактеристика е дека ова е континуитет на кадрите и политиките на Зоран Заев и дека единствените промени кои се случуваат во рамки на Владата е расчистување со крилото на Шекеринска и ништо друго. Тоа се внатрепартиски игри кои ги гледаме и кои денес и Никола Димитров ги потврди. Второ, ова е влада во која апсолутна доминација имаат Зоран Заев и Оливер Спасовски, а мандатарот е само фигура која ќе биде на врвот на истата. Трето, во Владата има непропорционална доминација на ДУИ“, рече потпретседателот Николоски за време на време на посетата на Велес.

Оттука според него во иднина не може да се очекува ништо и затоа единствено решение е да има предвремени парламентарни избори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.