Николоски со претставници на ЦДИ – Власта лошо ја менаџира корона кризата

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на Извршниот комитет на Центристичко демократската интернационала (ЦДИ) информираше за лошиот менаџмент на корона кризата од страна на владата како и за бројните корупциски скандали во земјава, информира ВМРО-ДПМНЕ.

„Во своето обраќање ги информираше преставниците на партии десни од центарот од цел свет за состојбата во Македонија, недемократската атмосфера во која поминаа изборите на 15-ти јули, поткупот и притисокот врз гласачите, нееднаквиот пристап за промоција на својата програма и кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, како и злоупотребата на вонредните состојби од страна на СДСМ. Потпретседателот Николоски информираше и за активностите кои ги има партијата, изборот на Извршен комитет и Генерален секретар, протестите кои ги органзира партијата, како и активностите на пратеничката група во Собранието“, вели  ВМРО-ДПМНЕ.

ЦДИ е најголема светска организација на партии десни од центарот, конзервативни и христијанско – демократски партии. Во раководството на ЦДИ покрај претседателот Пастрана влегуваат и Антонио Лопез Истуриз како генерален секретар, а потпретседатели се лидерот на шпанската опозиција Пабло Касадо, премиерот на Словенија Јанез Јанша, Елмар Брок од ЦДУ Германија, премиерот на Унгарија Виктор Орбан, поранешниот претседател на Либан Амин Гемајел.

ВМРО-ДПМНЕ е полноправен цлен на ЦДИ од 2018.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.