Николоски: Власта си игра со оган, опозицијата не е прашана за пописот, нѐ туркаат кон непризнавање на резултатите

57

Пописот во Македонија е клучно политичко прашање. Сега ќе почне и расправа во Собранието на таа тема. Затоа што после Рамковниот договор правата за помалите етнички заедници е според процентот кои што ги има во државата. Тоа е еден Либански модел за кој што јас сум против. Затоа што неможе еден човек да го цениш според процент, туку според квалитет. Затоа членови на СДСМ се пишуваат како албанци за да добијат работа, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.

Инаку, од друг аспект пописот е важен од економски аспект. Инвеститори доаѓаат во Македонија и сакаат да инвестираат во одреден град и незнаат со колку луѓе располага тој град. Во таа насока гледано економски пописот е многу битен, а политички е прашање е број еден во Македонија неможе да има попис без консензус. Мора да има разговор со опозицијата, и не само со ВМРО-ДПМНЕ, туку и со албанската опозиција. Мора да има консензус за да има доверба во пописот. А што прави СДСМ со ДУИ го турка на сила. Го пуштиле предлогот на Бојан Маричиќ во Собрание, ниту ни се јавиле ниту не побарале. Да ги предупредам од тука вечерва дека си играат со оган, бидејќи ова е исклучително важно политичко прашање. Затоа ВМРО-ДПМНЕ додека не биде вклучено од самиот почеток во подготовката и изгласувањето на законот за попис, не сум сигурен дека ќе ги признае резултатите од пописот. Нека се прави пописот според ЕУРОСТАТ или според моделот во Словенија, ете Словенија е членка на ЕУ, дециден е Николоски

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.