9.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Николоски: Власта смета дека ако го променила името на земјата, ѝ е дозволен криминалот

Потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата „24 Анализа“ на ТВ24, меѓу другото, посочи дека филозофијата на Владата е да го смени уставното име на земјата за да може нејзините функционери да крадат, бидејќи според него врвот на СДСМ смета дека штом го решиле спорот со името,односно го променија името, меѓународната заедница ќе им дозволи да прават што сакаат.

Николоски потенцираше дека граѓаните не треба да бидат казнети поради премиерот Зоран Заев и влдејачката СДСМ, но државата се оценува според работата на Владата што тој ја води, а во моментов јавноста е сведок за најголемиот корупциски скандал и  првпат има можност да види торби полни со пари и како цела структура на СДСМ била вклучена во помагање на рекетарите со разни средби со бизнисмени, градоначалници итн.

Дали е факт дека 20-ина милиони биле изрекетирани, е факт. Факт е дека ова цело е добро организирано и на чело стои врвот на СДСМ, исто е веројатно е факт, никој во државава денар не би му давал на Боки 13 ако зад него немал целосна политичка логистика позади него. Ние не можеме да избегаме од таа афера и да викаме нема ништо, вели Николоски. Тој додава дека дополнително на тоа денес имаме нова афера, претходно имаше афера со генералниот секретар на владата која што имаше обид да се заташка, а исто така во континуитет имаме афери кои што се случуваат на локално ниво како денешната со градоначалникот на Скопје. Практично нема ден во кој што не зборуваме за корупциски афери. Последнава афера од денес е обид на директорот на фондот за здравство и министерот за здравство да спречат втората најголема компанија во својата област во здравството да влезе со своја инвестиција во Македонија и за тоа е информиран шведскиот амбасадор, имало средби со премиерот и гледаме дека штом стигнале да поднесуваат кривични пријави веројатно тоа не го прават тоа бидејќи им било убаво, нагласи Николоски.